ФОТО: Исчезна уште една малолетничка од Србија

Исчезнала четиринаесетгодишната Ивана Подрашчиќ од Белград. Последен пат била видена на 29-ти јули кога се упатила кон Канарево брдо. Полицијата работи на случајот.

Информациите за исчезнатата малолетна Ивана Подрашчиќ се прошириле по социјалните мрежи, а исчезнувањето е пријавено во полиција, потврдено е од Интернет порталот РТС и Министерството за внатрешни работи во Србија.

 „Последен пат е видена на 29-ти јули кога се упатила кон Канарево брдо. Оттогаш ѝ се губи секаква трага“, е напишано под фотографијата на 14-годишното девојче.

21.08.2014 - 10:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа