Хеликоптерска несреќа, загина началник на армија

 

Во хеликоптерска несреќа која се случи во близина на границата со Мексико, загина началникот на вооружените сили на Гватемала, генерал Руди Ортис и четворица офицери.

Хеликоптерот се урнал во планински регион во западната провинција Уеуетенанго.

Mинистерот за одбрана генерал Мануел Лопес, изјавил дека генералот Ортис бил во рутинска инспекција на регионот, каде се активни нарко дилери.

Хеликоптерот „Бел 206“ првично се обидел да слета во воена база, но не успеал поради лошото време.

21.08.2014 - 09:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега