Ја сакам зошто ме потсетува на мајка ми- се отвори момчето на Мадона

 

Новото 26-годишното момче на Мадона проговори за врската со славната пејачка.

- Не ми пречи разликата во годините меѓу мене и Мадона. Секогаш сакав постари девојки. Ми се допаѓа што можам да научам многу работи од нив, рекол 26-годишниот Тимор.

Тој, меѓудругото, признал и дека сака постари девојки бидејќи го потсетувале на неговата мајка.

- Мојата мајка ми е голема инспирација во животот. Таа е голем борец, силна и незнависна жена и токму такви жени сакам за партнерки. Сакам кога жената има сопствен став и свое мислење, додал Тимор.

Инаку 56-годишната Мадона и 26-годишниот Тимор се во љубовна врска неколку месеци.

21.08.2014 - 09:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега