34 лица убиени во последното деноноќие во Доњецката област
Триесет и четири лица загинаа во последните 24 часа во судири меѓу проруските сепаратисти и украинските сили во областа Доњецк, соопштија локалните власти.
Жестоки судири, во кои е вклучена и артилерија, се водат во градот Доњецк и неговите источни предградија, кои се под контрола на сепаратистите.
Министерството за внатрешни работи во Киев претходно соопшти дека девет војници се убиени кога безбедносните сили и баталјонот на доброволци „Донбас“ го презеле од сепаратистите градот Иловајск, каде минува железничка пруга и автопатот од Доњецк кон руската граница.
Засега не е познато дали деветмината војници се вклучени во бројот на жртвите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа