Подолга колона возила на наплатната рампа „Отовица“

 

Повеќе возила чекаат пред наплатната рампа „Отовица“ во правец кон Катланово, а сообраќајот на овој правец се одвива отежнато и забавено поради изведување работи на мостовите, соопшти попладнево Авто-мото сојузот на Македонија.  

- На патниот правец А-1 Гевгелија - Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите, поради тоа е формирана подолга колона на возила до наплатната станица „Отовица“ во правец кон Катланово и сообраќајот се одвива отежнато и забавено, се вели во соопштението од АМСМ. 

20.08.2014 - 15:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега