ФОТО: Косовецот кој сееше смрт е жив и здрав

Веста за смртта на косовецот Лавдрим Мухаџери вчера беше демантиран од неговиот соборец, Басри Сулејмани.

Тој во една слика која што ја објавил на Фејсбук објаснил дека Мухаџери е жив и здрав.

-Нека пукнат душманите, коментирал на сликата, Басри Сулејмани.

Веста за смртта на Лавдрим Мухаџери беше објавена од страна на курдската телевизија КННЦ каде што беше покажано безживотно тело кое со претпоставуваше дека е Лавдрим Мухаџери, но на интернет страницата на истата телевизија не стои никаква вест или потврда дека тоа е така.

20.08.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега