Ја измила крвта од рацете и отишла на свадба - детали за убиството на Лука

Морав да молчам за се што видов таа кобна вечер. Возачот на мини-куперот ми се закани дека ако кажам еден збор ќе ми ги убие жената и дечињата. ЗНам дека со денови се трага по убиецот, знам дека цела јавност зборува за тоа, но не можев ништо да кажам од страв за семејството. Вака таксистот кој кобната ноќ го возел убиецот на Лука, говори за она што го направил.

Како што дознава српскиот Курир, во автомобилот со кој беше усмртен 21-годишниот Лука Јовановиќ, заедно со убиецот била и Дана Маневски, Тамара Богдановиќ, Милица Новаковиќ, Бојана Петровиќ и Никола Лепен. На сослушувањето во полиција, Дана и Милица биле особено безобразни и дрски, а очигледно било дека знаеле каде се наоѓа автомобилот со кој беше усмртено младото момче. 

Двете девојки откако се вратиле дома се измиле од крвта бидејќи се исекле во автомобилот и тргнале на свадба. 

20.08.2014 - 12:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега