Штипските градинки од наредниот месец ќе работат и во сабота
Се прават последните подготовки, од септември штипските градинки да работат и во сабота.
Комисијата за еднакви можности на општина Штип е носител на иницијативата која е дел од поширокиот проект за усогласување на приватниот со јавниот живот на жените. Во соработка со двете детски градинки и нивните клонови, тие прво спроведоа анкета меѓу родителите, за интересот децата да престојуваат и во сабота во градинка.
- Финализирани се работите околу кадарот кој за време на викендите ќе се грижи за децата од предшколска возраст. Ке бидат ангажирани 34 вработени, по 17 во секоја од двете градинки а општината проектот ќе го помогне со 40.000 денари, колку што се потребни за ангажманот на вработените - изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност.
Градинките „Вера Циривири-Трена" и „Астибо" ќе работата во сабота во текот на септември и октомври.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа