Си ја убил сопругата па телото го сокрил во гаража - уште еден хорор
Полицијата во Србија интензивно трага по 74-годишниот Радомир Јеремиќ кој е осомничен дека си ја убил сопругата, па телото го оставил во гаражата од семејната куќа.
Злосторството било откриено вчера околу 10 часот наутро кога внукот на убиената Милена дошол во нивната куќа. Внукот веднаш се јавил во полиција, откако го забележал телото на кое имало видливи траги на насилство.
- Во петокот пред баба да исчезне, ми рече дека ќе оди со сопругот на пазар. Кога се вратив не ја најдов дома, па го прашав дедо ми каде е но ми одговори дека не знае бидејќи и тој не ја видел. Го прашав и дали бил со неа на пазар, но ми одговори негативно. Потоа ја видов целата со модринки во гаражата, вели внукот за Ало.рс.
Полицијата интензивно трага по Радомир од кој два дена нема ни трага ни глас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа