Вработете се во Царинската управа на РМ - плата 31.000 денари
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2014
1. Да се изврши вработување на 1 (еден) извршител како царински службеник на неопределено време, по пат на јавен оглас, за пополнување на слободното работно место:
- систем инженер администратор на оперативни системи во одделение за техничка поддршка, Сектор за информатички и комуникациски технологии при Царинска управа на Република Македонија.
1.1 Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови за ова работно место: завршен Електротехнички, машински факултет, природно математички факултет информатика, познавање на англиски јазик, без работно искуство.
1.2 Краток опис на работно место: учествува, врши инсталација на сервери хардвер, компоненти, оперативни системи, адресирања, конфигурирање; врши администрирање на дисков простор, фајл системи, ИТ-мрежни сервиси, инсталирани апликации, корисници на системот, е-маил и ДНС сервер; Ги анализира можните проблеми на системот и помага при изработка на планови за нивно отстранување; учествува во инсталирање, конфигурирање и администрирање на софтвер за управување со права на корисници; помага при изработка на стратегии и рутини за надградба на системот, имплементација на промени во истиот и архивирање на податоците; одржува листа на состојби и конфигурации на серверите;
1.3 Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата). Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот а завршува во 16,30 часот. Основната плата изнесува 31.154,00 денари.
2. Да се изврши вработување на 1 (еден) извршител како царински службеник на неопределено време, по пат на јавен оглас, за пополнување на слободното работно место:
- систем инженер администратор на ИТ сигурност во
служба за ИТ сигурност, одделение за техничка поддршка, Сектор за информатички и комуникациски технологии при Царинска управа на Република Македонија.
2.1 Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови за ова работно место: завршен Електротехнички, машински факултет, природно математички факултет информатика, познавање на англиски јазик, без работно искуство.
2.2 Краток опис на работно место: Конфигурира и администрира контрола на пристап во ИТ-мрежата; управува и контролира пристап на корисниците во Царинскиот систем; врши администрација на Анти Вирус, Анти Спам уреди и софтвер; вши обука на корисници за користење на алатки за комуникација и пренос на податоци и информации и заштита на истите од намерни и случајни напади; ги мониторира точките на пристап во Царинскиот систем и работата на системот, идентификацијата и автентикацијата; соработува со останатите ИТ Администратори;
2.3 Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата). Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот а завршува во 16,30 часот. Основната плата изнесува 31.154,00 денари.
3. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации, a по истекот на рокот за пријавување.
4. Заинтересираните кандидати се должни да достават
ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУ ВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИК на изготвен образец во писмена форма која може да се подигне од архива на Царинската управа или во електронска форма преку интернет страницата на Царинската управа (www.customs.gov.mk). Пријавата се пополнува во целост со точни податоци, кон неа се приложуваат следните документи во фото копија: диплома или уверение за завршено образование со покажан успех во образованието, ако дипломата или уверението е стекната на образовна институција во странство кандидатот е должен да достави и одлука за нострификација, уверение за државјанство, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање на компјутерско работење. Царинската управа нема обврска за враќање на приложените документи бидејќи истите се во фотокопија.
5. Кандидатите можат да достават и документи кои не се задолжителни во однос на објавените услови за работните места како што се други стручни оспособувања и усовршувања (уверенија, пофалници, сертификати).
6. Рокот за доставување на пријавите изнесува 7 дена, не сметајќи го денот на самото објавување.
7. Ненавремената, некомплетно пополнета пријава и пријава која не ги содржи бараните докази нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за селекција и избор на Царинската управа.
Пријавата се доставува исклучиво по пошта на следната адреса: Царинска управа, Сектор за управување со човечки ресурси, (со назнака за оглас број 1/2014), ул.„Лазар Личеновски“ бр.13, 1000 Скопје.
По спроведувањето на првична селекција, ќе се изврши тестирање и интервју за што кандидатите ќе бидат повикани во Царинската управа. Избраните кандидати се вработуваат на пробна работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа