Затруднела на концерт па сега го бара таткото преку оглас
„Ако си ти мажот кој беше на коцертот на Мегадет и Моторхед во Чикаго и ако имаш црвена панкерска фризура и пирсинг во облик на змија, ти си татко на моето дете“, напишала во оглас жена од Чикаго која себе се опишува со модра коса, високи чизми и сребрена маица.
Во огласот кој подоцна е симнат од интернет уште пишува дека двајцата страстите си ги искажале во тоалетот на концертната сала.
„Трудна сум и детето е твое. Јави се ако сакаш да бидеш дел од неговиот живот“, стои во огласот. Непознато е дали анонимната мајка добила некаков одговор.
19.08.2014 - 15:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа