Човештвото живее на кредит
Од денеска, 19 август човештвото живее на кредит бидејќи е во еколошки минус. Светското население ги потроши сите природни ресурси кои Земјата може да ги обнови во рок од една година, предупреди Светскиот фонд за заштита на природата (WWF).
- Годинава влеговме во „црвено“ еден ден порано во споредба со 2013 година и дури 45 дена порано од 2000 година, наведува Фондот.
„Earth Overshoot Day“ е датум во годината кога човештвото ги потрошило природните ресурси. Овој фатален датум секоја година е се порано и порано, а прагот првпат е предвиден на 19 декември 1987 година како последица на економскиот и демографскиот раст на почетокот од 70-тите години од минатиот век.
Дури 86 отсто од светското население живее во земји кои бараат повеќе од природата отколку што таа може да им обезбеди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа