Ја пронашле мртва во гаража - полицијата трага по сопругот
Уште еден хорор во Србија. Жена била пронајдена мртва во гаража, а се претпоставува дека ја убил нејзиниот сопруг.
Според податоците од српските медиуми, најверојатно се работи за семејна трагедија. 74-годишниот Р.Ј. се сомничи дека во петокот си ја убил 74-годишната сопруга М.Ј. и го оставил нејзиното тело во нивната гаража. Телото денеска го открил внукот на трагично загинатата жена.
Мажот рекол дека отишол на пазар, а потоа му се губи секаква трага.
Полицијата трага по него.
19.08.2014 - 14:58
Фото:
лидер
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа