Уапсен синот на најголемиот борец против дрога - поради дрога

 

Џејси Чен, синот на славниот актер и активен борец против наркотични средства Џеки Чен, е уапсен за производство на повеќе од 100 грама наркотични супстанции.

Синот на Џеки кој исто така се занимава со актерство бил уапсен заедно со уште еден актер за време на полициска рација во Пекинг. Двајцата признале дека конзумирале марихуана, а во станот на 32-годишниот Џејси Чен биле пронајдени и повеќе од 100 грама недозволиви наркотични супстанци.

 

Како што пишуваат кинеските медиуми, на Џејси му претстојат до три години затвор, поради поседување и користење на дрога.

Неговиот татко, пак, постојано јавно ги советува младите да не користат наркотици, а освен тоа во 2009 година беше прогласен за Амбасадор за борба против дрога во Кина.

 

 

19.08.2014 - 14:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега