Познатата холивудска актерка била убиена од мајка си?
Таткото на починатата актерка Британи Марфи ја обвини својата поранешна сопруга Шерон Марфи дека е виновна за смртта на нивната ќерка.
Нејзиниот татко бара од полицијата да биде приведена и испрашана мајката на Британи. Тој изнесе информации за актерката и нејзиниот сопруг Сајмон.
-Нека објасни зошто стана главна наследничка во тестаментот, од каде Сајмон беше потполно исфрлен. Шерон нека каже зошто тестаментот е променет откако Британи и соопшти дека се сели во Њујорк со Сајмон и сакаат да имаат бебенце. Нека објасни зошто планираше сама да се издржува, за прв пат по неколку децении и тоа дури откако Британи ќе се отсели. Треба да објасни зошто на аукција го продаде пасошот на нашата ќерка, долната облека...Има многу неодговорени прашања. Од три личности кои живееа во таа куќа, само една профитираше финансиски, рече таткото.
За потсетување, актерката почина во декември 2009-та година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа