Петдневна забава во Скопје: Утре започнува „Пиволенд“

Пет дена забава со преку 50 видови пиво, добра храна и одлична музика ќе понуди претстојниот „Пиволенд“. Фестивалот почнува утре во 18.00 часот на скопско Кале, а ќе трае до недела.

Со вкусот на Скопско, Златен Даб, Амстел, Хајнекен, Туброг,..., посетителите ќе можат да уживаат во легендарните Леб и сол и Мизар, во настапите на Културно Уметнички Работници, Астероид Б612, Хроматик Поинт, Бени & Нон стоп, Д Џон, Дани Димитровска, Тијана Дапчевиќ, Тумбао Салса, Тамара Тодевска, Јосип А Лисац, Лозано,...

Според организаторите, Градот Скопје и „Темов“, мотото на „Пиволенд“ и оваа година е промоција на македонската музика, култура и традиција.

- Сите љубители на добрата храна и музика нека дојдат утре, заедно да го отвориме гурманскиот викенд со пиво, повика денеска градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, потсетувајќи дека целта на фестивалот не е опивање, туку напротив, уживање со умерено консумирање пиво.

Во рамки на годинашниот „Пиволенд“ ќе има и дополнителен стејџ т.н. Фреш, за млади артисти, каде свирките ќе траат до три часот по полноќ.

На програмата е и концертот „Трибјут ту Пинк Флојд“ особено привлечен за генерациите кои слушаат прогресивна, психоделична музика.

Организаторите укажаа дека тенденцијата на пиво-фестот е промовирање 100 проценти македонска музика што веројатно,  посочија, ќе се реализира идната година

19.08.2014 - 12:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега