Доколку не сте знаеле: Јаболкото создава одлични предуслови за добар секс

 

Според најновите изјави на гинеколозите, јаболкото е одличен афродизијак. Истражувањето било спроведено врз 730 жени на возраст од 18 до 43 години. Тие биле поделени во 2 групи - првата имала за задача да консумира по 1 јаболко дневно, а другата група жени консумирале јаболка многу ретко.

По извесен период во кој се следеле прехранбените и сексуални навики, првата група на жени имале зголемено либидо и поголемо сексуално задоволство.

Во што е тајната? Јаболкото во себе содржи флавоноиди кои ја забрзуваат циркулацијата на крвта, а истовремено делува и како лубрикант.

Јаболкото делува така што создава одлични предуслови за добар секс, па стручните лица на жените им препорачуваат минимум едно јаболко дневно.

Извор: Црно бело

19.08.2014 - 12:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега