Уништени повеќе од 90 позиции на џихадистите во северен Ирак
Американски авиони во последните три дена извршиле 35 воздушни напади врз џихадисти од Исламска држава, уништувајќи повеќе од 90 позиции, соопшти денеска Пентагон.
Ова се најжестоките американски напади врз екстремистички позиции откако САД започнаа со воздушните напади на 8 август.
- Беспилотни и борбени авиони ги „елиминирале“ екстремистичките цели додека џихадистите се бореле за преземање контрола врз најголемата ирачка брана во северниот дел од земјата, истакна портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Главна цел на американските воздушни напади врз исламистите во северниот дел на Ирак е заштита на малцинската заедница Јазиди, како и на американските државјани и објекти во оваа земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа