ВИДЕО: Чарли Шин на сите им одржа лекција

 

Во моментов во светот е актуелен предизвикот "Ice Bucket Challenge", кој е создаден со цел да се соберат донации за борбата против амиотрофичната латерална склероза.

На предизвикот одговорија многу познати личности, меѓу кои се и Бил Гејтс, Марк Цукерберг, Кристијано Роналдо, Џенифер Лопез, Опра Винфри, Стивен Спилберг...

Меѓутоа, Чарли Шин го измени предизвикот и наместо кофа со ледена вода, на глава си истури кофа со пари.

- Чекај, па тоа не е мраз. Тоа се десет илјади долари во кеш кои ќе ги донирам за АЛС фондацијата бидејќи мразот ќе се стопи, а овие пари навистина ќе им помогнат на луѓето, рекол Чарли.

Глумецот ги предизвика Џон Крајер, Чак Лори и Ештон Качер да го направат истото што и тој. Крајер е поранешен колега од серијата „Two and A Half Men“, Лори е авторот на серијата, а Качер е неговиот наследник во серијата.

 

 

19.08.2014 - 10:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега