Македонскиот пејач со порака до девојките- „Давам се“!

 

 

Mладиот  Јасмин Алиевски на 22-ри август за прв пат ќе настапи на Охрид фест со темата “Давам се”.

Јасмин настапи пред две години на престижниот Макфест со темата “Далеку од тебе”, каде иако дебитант успеа да се пласира во големото финале.

“Давам се” е дело на Роберт Поп Димитров, поп-рок тема за која текстот го напиша Огнен Неделковски.

-Мислам дека создадовме убава тема, песна која мене лично многу ми се допаѓа. Знаете како, ако во животот на секоја песна и на секој свој настап му се посветите целосно, тогаш вашиот тим, односно, оние кои ќе ви понудат песна, ќе и дадат наслов Давам се, што мене комплетно ме опишува. Така ќе биде и овој пат, ќе дадам се убаво да се претставам пред охридската публика, ама и пред сите оние кои ќе не следат пред малите екрани, чув дека дванаесет престижни телевизии од светот ќе вршат пренос,добар предизвик за убаво искуство,  изјави Јасмин Алиевски.

19.08.2014 - 10:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега