"Син ми не ми кажа што направил" - мајката на убиецот на Лука не може да дојде на себе

Марјана Марковиќ, мајката на убиецот на малиот Лука, вчера за Ало изјави дека не знаела што направил нејзиниот син. 

- Објаснете ми за што се работи. Полицајците вчера ми го приведоа помладиот син. Не знаев за што станува збор додека не јавија на телевизија, вели мајката.

Мајката низ солзи вели дека нејзиниот син не вози таков автомобил, туку друг кој е бел. Од се она што го дознала и се слошило, и рипнал шеќерот и не може да се совземе. Вели дека дома живеат во хармонија и дека нејзините деца се деца на место.

- Не можам веќе да зборувам за ова, навистина не ми е добро. Не ни знаев дека син ми го променил презимето. Се ова ми дојде одеднаш, вели таа за Ало.

19.08.2014 - 09:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега