Диего Коста дебитираше со погодок за Челси

Со натпреварот Барнли - Челси синоќа беше комплетирано 1.коло од новата сезона на Премиер лигата. Очекувано победија „сините“ од Лондон, а со погодок дебитираше Диего Коста.

Домашните поведоа во 14.минута преку Скот Арфилд, но само три минути подоцна Коста изедначи на 1:1. Во 21. минута Челзи поведе со 2:1 преку германскиот репрезентативец Андре Ширле, додека конечните 3:1 ги постави Бранислав Ивановиќ во 34. минута.

Резултати на другите натпревари од почетната рунда: Манчестер Јунајтед - Свонси 1:2, Лечестер - Евертон 2:2, Квинс Парк Ренџерс - Хал 0:1, Стоук - Астон Вила 0:1, Вест Бромвич Албион - Сандерленд 2:2, Вест Хем - Тотенхем 0:1, Арсенал - Кристал Палас 2:1, Ливерпул - Саутемптон 2:1 и Њукасл - Манчестер Сити 0:2.

19.08.2014 - 09:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега