Македонец со денови е заглавен меѓу две земји - еве што се случило
Дванаесет дена заробен на меѓуграничниот простор меѓу Унгарија и Србија. Македонски државјанин кој враќајќи се од Германија го загубил својот пасош, речиси две недели неможе да се врати дома.
Како што пренесува Сител Телевизија, проблемот настанал кога сакал да ја помине Унгарско-Српската граница, но откако забележал дека му недостасува пасошот, кај граничните служби го пријавил случајот и се идентификувал со својата лична карта. Тој стапил во контакт и со македонската амбасада во Будимпешта, каде исто така ја пријавил случката. 50 годишниот македонец во телефонски разговор за Сител вели дека вината за неговиот долг престој на граничниот премин лежи во унгарските власти не покажуваат ажурност.
Атанасов вели дека во вакви или слични случаи неретко министерството и финансиски ги помага лицата да се вратат во Македонија. Покрај достапноста на амбасадите во секој момент, во следниот период ќе биде активиран и универзален број за контакт на министерството за надворешни работи, каде македонските државјани ќе може да пријават изгубен пасош или да побараат помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа