Околу 7.500 хрватски работодавци не им плаќале на вработените

Во периодот јануари-јуни 7.461 работодавец во Хрватска, кои вработувале 27.534 лица, не им исплаќале плати на своите работници, покажуваат податоците на Даночната администрација.

Хрватската даночна служба на својата интернет страница објави список со работодавци, кои не им исплаќале плати на своите работници во тој период. 

Првиот ваков список беше објавен од Даночната администрација и Министерството за труд и пензиски систем на 15 јули и на него беа поместени имињата на 7.038 работодавци. 

Даночната администрација го ажурира тој список секоја недела.

18.08.2014 - 16:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега