Златан Ибрахимовиќ ќе паузира еден месец поради повреда на реброто

Златан Ибрахимовиќ одлично ја започна новата сезона постигнувајќи четири погодоци на два меча, но ќе мора да паузира еден месец поради повреда.

Тој на мечот против Бастиа го повреди реброто, по што мораше да го напушти теренот во 14. минута.

Дека се работи за сериозна повреда потврдија од лекарскиот тим на ПСЖ. 

- Повредата на Ибрахимовиќ е комплексна, дури можеби полоша отколку што изгледа. Не само што има повреда на реброто, туку го повреди и мускулот кој тешко се лекува, бидејќи има слаб проток на крвта. Опоравувањето ќе оди споро, изјави докторот Жан Пјер Пласе за „Ле Паризијен“.

Ова ќе биде дополнителна главоболка за тренерот Лоран Блан бидејќи неможе да смета ни на капитенот Тиаго Силва кој е исто така повреден.

 

18.08.2014 - 16:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега