Синот на Цеца тајно се „венчал"
Синот на славната пејачка Цеца Ражњатовиќ, Вељко направил нешто зад грбот на својата мајка.
Имено тој со сегашната девојка се знае уште од „пелени“ и не само тоа туку и во градинката каде оделе како мали, тајно се венчале.
-Тие двајца заедно одеа во приватна градинка кога имаа четири години и сите знаеа дека се заљубени еден во друг. Еден ден додека сите деца спиеле, тие станале и направиле тајна венчавка и се бакнале во уста. На негувателките тоа им било толку романтично и симпатично што ги оставиле и не ги вратиле на спиење. Целиот настан им бил раскажан на Цеца како и на родителите на Ангела. Кога пред неколку дена тие сфатиле дека оделе заедно во градинка и тоа им го раскажале на нивните родители, сите слатко се смееле и се присетиле на времето кога негувателката им ја соопштила веста, изјавил за Рulsonline.rs извор близок на Ангела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа