„Летаа" казни за несовесни возачи - полицијата во Скопје казни 861 лица

 

Од осми до 14 август сообраќајната полиција во Скопје казнила вкупно 861 учесник во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот, соопштија од МВР.

- Кај 37 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, 58 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 35 возачи, кај 34 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. Со над дозволената брзина управувале 92 возачи, и 82 возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место. Изречени се 12 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 37 прекршоци за зборување на мобилен телефон, 20 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин. Изречени се 264 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се седум прекршоци,  за непрописно престројување изречени се два прекршока, осум прекршоци што ги чинат пешаците, за непрописно престигнување изречени се шест прекршоци, кај едно возило е утврдена техничка неисправност  и со пајак службата подигнати се вкупно 280 возила, се наведува во соопштението.

Од СВР Скопје информираат дека и понатаму ќе продолжат со зајакнати сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.

18.08.2014 - 14:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега