Го прегазил па ладнокрвно си се качил во такси - детали за убиецот на Лука

 

Убиецот на Лука, 33-годишниот Марко Миличев претходно бил казнет за обид за убиство во 2000 година за што си заработил три години затвор. Казната си ја издржал во 2011 година.

Како што информираше денеска српското МВР на прес-конференција, убиецот на Лука откако го усмртил младото момче, враќајки се од белградските сплавови, си продолжил како ништо да не се случило и ладнокрвно си се качил во такси.

Луѓето кои биле со него кобната вечер добиле наредба ништо да не и зборуваат на полицијата, а доколку полицијата им тропне на врата, убиецот им оставил и број од адвокат.

18.08.2014 - 14:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега