"Само да ми се врати синот" - исповед на мајката на исчезнатото дете
Минатата среда сакаше да оди на прошетка, но не сакаше јас да дојдам со него. Потоа веќе не го видов иако тргнав по него. Вака мајката на момчето од Србија кое исчезна неделава, со солзи во очите ја раскажува својата тажна приказна.
- Мамо немој да доаѓаш со мене, сам сакам малку да излезам и да прошетам. Тоа е последното нешто што Аце ми го кажа пред да замине од дома, раскажува мајката за српскиот Курир.
Инаку, на 21-годишниот Александар утре треба да го прослави својот 22 роденден. Последните месеци бидејќи бил болен постојано само лежел и тешко се движел.
- Помина месец дена во психијатрискиот оддел. На 30 јули од таму излезе како потполно здрава личност, вели мајката стегајќи ја во рацете сликата од нејзиниот син. Таа додава дека во последно време се жалел на забрзана работа на срцето и дека од тоа ќе умре.
Иако не сакала да го пушти сам да прошета надвор, Алесандар истрчал по скалите и исчезнал. Мајката моли за помош и се надева дека нејзиниот син ќе се врати дома, кај семејството кое како што вели многу го сака.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа