Ставрески и Спасов во посета на Центарот за социјални работи Гази Баба

 

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денеска ќе го посети Центарот за социјални работи Гази Баба.

Во Центарот, граѓаните од денеска ќе може да доставуваат барања за отпис на долговите. Со тоа практично започнува реализацијата на проектот на Владата за еднократно отпишување на долговите на најранливите категории на граѓани.

Ќе се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радио дифузна такса. Долговите треба да бидат неплатени подолго од една година и за нив да е почната постапка за наплата.

18.08.2014 - 09:49
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега