Долги колони - над 50.000 патници на ден викендов на Табановце

Над 50.000 патници на ден викендов минуваат преку граничниот премин Табановце, а најголем дел транзитираат за соседните земји. Во оваа бројка се вклучени и туристите кои се враќаат кон земјите од Западна Европа.

- На излез денеска патниците се задржуваат петнаесетина минути, колку што впрочем е неопходно да се извршат формалните процедури, изјави раководителот на смена на ГП Табановце, Драган Трајковски.

 

Овој викенд во споредба со претходните на премиенот има зголемена фрекфенција особено на излез од државата.

 

- Во тек на овој викенд очекуваме бројка од околу 150.000 патници, вкупно од петок попладне до недела навечер. Наредниот викенд сметаме дека бројката ќе биде преполовена, вели Трајковски. Вчера на овој премин границата ја минале околу 50.000 патници. Денеска таа бројка е зголема за неколку илјади, а до крајот на денот се очекуваат уште повеќе патници.

 

Од ГП Табановце објаснуваат дека ги користат сите расположливи ресурси, човечки, материјални и технички за да им се овозможи на патниците минимум задржување. На овој граничен премин нема заддржување ниту за товарните возила.

 

И патниците кои денеска поминаа на ГП „Табановце“ велат дека подолги задржувања нема 

 

Патник од Романија кој влегува  во државата вели дека на ГП „Табановце“ задржувањето не е подолго од пет до десет минути.

Српски државјанин, пак, кој се враќаше од одмор од соседна Грција, изјави дека нема подолги задржувања ниту на граничниот премин, ниту, пак, на патарините во Македонија и дека е задоволен од патната инфраструктура во државата.

МИА

17.08.2014 - 21:54
Фото: 
кумановоњуз
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега