Познат идентитетот на младото момче кое се удави

 

Се уште беа видливи последните траги од стапките на 18 годишиот Јетмир Османи, кој се удави во водите на браната Глажња, во кумановкото село Думановце. Како што јави Канал 5, очевидците раскажуваат дека вчера околу 14 часот, момчето од Љуботен  со трчање скокнало во водата, најверојатно да се разлади.

“Ние тука бевме  дојдени како  рибари, тој трчајќи дојде тука два пати вода го исфрли надвор и третиот пат не го исфрли, човекот  што беше со нас се биутна во водата  го бараше , но немаше успех,   дојде неговиот другар друг со чамец но без среќа... Тој дојде трчајќи веројатно да се олади. Ние го видовме но  без успех, штета“ изјави  Незим Муртези, очевидец од Куманово.

Потрагата по момчето продолжи и денеска, но тоа не е пронајдено.

17.08.2014 - 21:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега