Од свадба заминал во смрт - го убиле пред да влезе во хотел со невестата

Антони Бруно (26), пожарникар од Канзас Сити, убиен е пред хотелот во кој планирал да ја помине првата брачна ноќ, и тоа пред очите на својата штотуку венчана сопруга.

Трагедијата се случила во декември минатата година, а вчера Британците ги шокираше снимка од безбедносните камери која дошла до јавноста. На неа се гледа како Стефани Бруно (29) во венчаница стои на улица, не знаејќи дека за само неколку моменти ќе стане вдовица!

Антони и Стефани по венчавката и славењето тргнале во хотелот во кој планирале да ја минат ноќта. Кога стигнале пред хотелот, невестата излегла, а младоженецот останал да ја плати сметката. Меѓутоа, набрзо нивниот најубав ден се претворил во кошмар.

 

 Се` започнало откако таксистот Ахмед Аломари на младоженецот му упатил провокативна шега на сметка на невестата. Антони почнал да го тепа, а во тепачката се вклучил и полицаецот Доналд Хабард, кој не бил на должност.

  Притрчал кон младоженецот и избила нова тепачка меѓу нив двајца, а полицаецот во еден момент, стравувајќи за својот живот од Бруно, посегнал по пиштолот и испукал два куршуми во младоженецот.

17.08.2014 - 18:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега