ВИДЕО: Хаос во Париз: Му го скрши носот на познат фудбалер и избега

По завршувањето на мечот помеѓу ПСЖ и Бастиа во рамките на второто коло од француската лига, напаѓачот на Бастиа Брандао физички го нападна играчот на ПСЖ Тиаго Мота. Брандао го сочекал во тунелот Мота и го удрил со глава по носот, по што се дал во бегство, а Мота тргнал по него.

Претседателот на парискиот клуб Насер Ал- Келаифи потврди за медиумите дека на Мота му е скршен носот и побара доживотна суспензија за 34 - годишниот Бразилец.

- Брандао е дивјак и неговата постапка е за најстрога можна казна. Треба доживотно да се суспендира бидејќи тој не е фудбалер, кажа Ал- Келаифи.

 

17.08.2014 - 15:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега