Попоски се дружеше со децата од кампот „Ја сакам Македонија“
Министерот Никола Попоски денеска ги посети децата од кампот „Ја сакам Македонија“. Инаку овој камп е трети по ред. Тој разговараше со учесниците за впечатоците од нивниот престој во Охрид.
- Целта е да го поттикнеме изучувањето на македонскиот јазик. Ова се деца кои следеле образование на македонски во земјите каде живеат преку онлајн програмите кои ги имаме и часовите кои ги посетуваат. На овој начин ги зближуваме Македонците од основното образование од целиот регион и им овозможуваме поголемо зближување со Република Македонија. Сакаме во иднина тие да ги зајакнат врските со матичната земја, изјави Попоски.
Според министерот, проектот ги оправдува очекувањата и ќе продолжи да се реализира и во иднина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа