„Врие од туристи" - Охрид годинава со една од најуспешните туристички сезони
Охрид оваа година е туристичка дестинација во вистинска смисла на зборот бидејќи врие од домашни и странски туристи.
Градот е преполн од домашни и странски туристи од Холандија, Турција, Полска, Австрија, Кина. Хотелите, апартманите и приватното сместување е исполнето, пренесува Сител.
За добрата туристичка сезона показател се и преполните плажи и кафулиња во кои се бара место повеќе.
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески за Сител изјавил дека годинава очекуват рекорден број на посетители во споредба со изминатите години.
-Она што ние го очекувавме тоа и се случи. Охрид е преполн со домашни и странски гости и се тече според планот што ние во локалната самоуправа заедно со Секторот за туризам и локален економски развој го предвидовме и онака како што ги правевме сите подготовки за пречек на оваа летна сезона, објаснува Бакрачески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа