Годинава за прв пат фестивал на пијано во Охрид

Во Охрид од денеска до среда за првпат ќе се одржи фестивалот „Piano Summer Ohrid“ во организација на здружението „Клавирско лето“.

Во рамки на фестивалот ќе се одржи и меѓународна летна академија за пијано под водство на германскиот пијанист и професор Клаус Шилде, кој е претседател на музичката академија во Минхен и има долгогодишно искуство на музичките академии во Берлин, Детмолд, Токио и Вајмар.

На академијата се очекува присуство на истакнати пијанисти како што се Димитриј Романов од Русија, Хјун Сон Текин од Јужна Кореја, Масако Сакаи и Мику Нишимото од Јапонија, Зоран Имшировиќ од Босна и други.

Покрај едуактивните часови во музичкото училиште „Методи Патче“, секој ден ќе бидат организирани и вечерни концерти на кои ќе настапат учесниците на академијата. За отворањето и затворањето на фестивалот ќе се одржат гала концерти во црквата „Света Софија“.

За време на фестивалот планирани се и предавања на Тимеа Шари од Унгарија и Марија Динов од Србија, а посебна атракција ќе биде пијано маратонот што ќе се одржи на 24 август.

Фестивалот се одржува со поддршка од градот Охрид, Охридско лето и концертниот сервис „Акритериум“. 

17.08.2014 - 11:05
Фото: 
а1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега