Еве колку ќе чинат влезниците за натпреварите против Данска и Белорусија

Македонската кошаркарска репрезентација ги пушти во продажба билетите за двата последни квалификациски натпревари што „црвено-жолтите“ ќе ги играат во Скопје- против Данска на 24 август и со Белорусија на 27 август. Двата натпревари почнуваат од 20 часот и 30 минути, а билетите за нив, кои ќе можат да се набават на повеќе продажни места ширум државата, се по цена од 100 денари (горни трибини) и 150 денари (долни трибини - партер).

Од исклучителна важност ќе биде поддршката за подмладениот состав предводен од селекторот Александар Џикиќ, на последните две средби од квалификациите.

16.08.2014 - 15:48
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега