Листеријата ја зема и петтата жртва во Македонија

Четириесет и шестгодишниот пациент од Неготино денеска почина од листерија на скопската Клиника за инфективни болести.

Како што информираат од Министерството за здравство, пациентот бил хоспитализиран на трети август под клиничка слика на акутен гастроентероколит. Поради влошување на болеста, тој бил поставен на механичка вентилација. Во лекувањето покрај инфектолози, активно биле вклучени и анестезиолози од КАРИЛ. 

Во последните два месеци ова е петти смртен случај од листерија.

16.08.2014 - 14:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега