ВИДЕО: Погледнете го испадот на Синиша Михајловиќ во Шпанија

Бившиот репрезентативец на Србија сега е на клупата на Сампдорија која игра на пријателски турнир на југот од Шпанија. Во Кадиз играа против Севиља, а мечот го одбележа инцидентот меѓу играчите.

Синиша Михајловиќ се вмеша и наместо да ја смирува ситуацијата, го оттурна дефанзивецот на Севиља Федерико Фази. 

Тоа беше премногу за судијата кој го испрати во соблекувалната уште во 16. минута од натпреварот. Но тоа не ја спречи Сампдорија да дојде до победата од 2:0.

 

 

16.08.2014 - 14:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа