Цело раководство на СДСМ ужива во Грција

Гласноговорникот на СДСМ, Петре Шилегов во строга тајност ја чува локацијата каде неговиот лидер Заев бил на одмор. Јавноста дозна дека претседателот на опозицијата летувал во Грција, но самиот тој и целиот негов кабинет не сакаа да кажат каде точно уживал.

За својот летен одмор, пак, Шилегов не молчеше долго. И тој, како и неговиот шеф, летувал во Грција.

КУРИР ова прашање на портпаролот на СДСМ му го постави пред два дена, но тој не даде конкретен одговор. Денес, во изјава за Република, Шилегов потврди дека и тој уживал на плажите на нашиот јужен сосед.

Во грчкото море, како што неофицијално дознава Курир, се разладувала и заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Челниците на СДСМ годинава масовно тргнаа на летување во Грција.

Сите овие социјалдемократи во текот на целата година гласно критикуваат и се жалат дека Македонија се уште не е влезена во ЕУ. Како искусни политичари, тие многу добро знаат дека земјата каде одлучија да ги потрошат своите пари, веќе со години е единствената пречка за македонската евроинтеграција.

Информацијата дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бил на одмор во Грција, веќе беше објавена. Трет ден по ред, од Бихаќка молк за тоа „Каде точно летувал Заев“. По неодговорените прашања, вчера Курир објави дека според изјавите на негови сограѓани, лидерот на опозицијата во Грција уживал во сопствената луксузна вила.

Дали во истата таа вила, гостувале Шилегов и Шекеринска, останува отворено прашање.

Република денес ги поставува уште еднаш прашањата кои останаа отворени по молкот од Заев и неговите блиски луѓе. На пример, дали навистина Заев има имот во Грција? Дали на тој имот, во таа куќа, летото го минале раководството на македонската опозиција, надополнети со јавни личности меѓу кои и новинари? Дали на песочните грчки плажи „се кова“ нова стратегија за освојување на власта во Маккедонија? Како ли тоа изгледа во очите на Грците? Дали за врем на тие летни вечерни „седенки“ можеби не  присуствувале и некои „грчки соседи“ со кои можеби разговорите добиваат на друга тежина? Дали Заев на евентуални такви седенки би им го повторил ставот изнесен за Република дека „Грција е навистина лоша“ или би зборувал за „режимот во Македонија“? Дали таквото „тајно работно лето“ е на личен трошок, партиски трошок или пак е донација од друго потекло?

16.08.2014 - 13:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега