ВИДЕО: Во Лондон одржано натпреварување во тверкање

Публиката на ова натпреварување сигурно добила главоболка од силното мешање на натпреварувачките, кои се трудеа да ја добијат титулата шампионки во "тверкање".

Девојките мораа да одиграат пет рунди, додека победничката освен парична награда ќе добие и можност да настапи со Ники Минаж - кралицата на овој танц.

Рундите се состојат од слободен стил, некои технички движења, тверкање со подигнати нозе на ѕид, омилената рунда доминација во која натпреварувачките играат над партнерот и финалната рунда во која имаа 30 секунди да смислат кореографија на песна од Ники Минаж.

21 - годишната Џемини е прогласена за овогодинешна победничка во тверкање и доби 1.000 фунти, како и настап со Ники следниот пат кога ќе има концерт во Англија. 

- не очекував дека ќе победам. Многу сум возбудена поради настапот со Ники Минаж, неможам со зборови да опишам колку е тоа фантастично, изјави Џемини.

 

16.08.2014 - 12:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега