Најдобриот бразилски фудбалер се жени на 73 години

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Пеле по трет пат ќе стапи во брак.

Британскиот весник „Сан“ пишува дека тој наскоро ќе се ожени со Марсија Сибел Аоки, со која е во врска од 2010 година. Марсија е бизнисменка, а од својот вереник е помлада 32 години.

Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, веќе двапати беше во брак. Со првата сопруга Розмари ги има ќерките Кели и Џенифер, како и синот Едињо, а со другата Асирија близнаците Џошуа и Селест.

Добитникот на Златната топка за животно дело има најмалку две вонбрачни деца. Со куќната помошничка ја доби ќерката Сандра, а со една новинарка ќерката Флавија.  Неговиот син Едињо е осуден на над 30 години затвор поради перење пари.

16.08.2014 - 11:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа