"Ова место е проклето, има некое зло" - дедото на Тијана скршен од болка

Ова место е убаво, но проклето. За неколку години се случија голем број убиства кои се уште не се расчистени. Вака дедо Миле од Бајмок ја раскажува приказната за местото на кое е убиена малата Тијана, за српскиот Ало.

- Ова е убаво но проклето место. Од деведесетите години до денес, имаше 20 убиства, а најголем дел од нив не се расветлени. Не знам што се случува овде, но местово е дефинитивно проклето, вели дедо Миле за Ало.

Се работи за местото на кое Тијана често доаѓала особено во летниот период и седела со недели. Нејзиниот дедо седел и гледал во празно, додека пред него стоела сликата од неговата внука која повеќе ја нема. 

- Како сум, ех како можам да бидам. Не можам да не мислам, постојано ми е пред очи. Се прашувам зошто, се прашувам како, вели тој скршен од болка.

Тој за својата внука вели дека била весело дете, постојано насмеано кое немало човек да не го сака. Вели дека била мирна и никогаш не правела никакви проблеми.

- Не е само ова убиство, се случија повеќе. Местово е проклето. Има некое зло, вели дедо Миле.

 

16.08.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега