Хорор во Штип: 12-годишно девојче со месеци молчело дека било силувано

Уште еден хорор ја потресе Македонија. 12-годишно девојче од Штип по 9 месеци собрало храброст да раскаже на мајка си дека било силувано од повозрасно момче.

Девојчето решило да им каже на своите родители дека било силувано откако случајно го сретнало момчето на улица во близина на нивната куќа. Како што раскажало девојчето, во декември минатата година, пријавениот влегол во нивниот дом додека тоа било само, се нафрлил врз него и го силувал, а потоа се заканил дека ќе ја убие ако каже некому.

Мајката, заедно со детето, вчера го пријавила случајот во полиција, која по препознавањето, поднела кривична пријава против Ѓ.С. (32) за полов напад на дете помало од 14 години.

16.08.2014 - 10:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега