Почнува англиската Премиер лига

 
Викендов на фудбалските терени низ Англија ќе са играат натпреварите од 1. коло во новата сезона на Премиер лигата.
 
Бранител на шампионскиот трофеј е Манчестер Сити, а најголеми кандидати да го симнат од тронот се Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул и Арсенал.
 
Новата сезона ќе ја отворат Манчестер Јунајтед и Свонси со натпреварот на „Олд Трафорд“ закажан за 13 часот и 45 минути.
 
Двојки за другите денешните натпревари: Лечестер – Евертон, Квинс Парк Ренџерс – Хал, Стоук – Астон Вила, Вест Бромвич Албион – Сандерленд, Вест Хем – Тотенхем и Арсенал – Кристал Палас.
 
Два натпревара се играат утре: Ливерпул – Саутемптон и Њукасл – Манчестер Сити.
 
Првата рунда ќе биде комплетирана в понеделник со средбата Барнли – Челзи. 
16.08.2014 - 10:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега