Скопје: Ја нападнал и ограбил среде улица

Вчера попладне,  на улицата „Благоја Паровиќ“ во Скопје, непознат сторител извршил тешка кражба на дрзок начин над  61 годишната скопјанка Г.И. Натрапникот ја нападнал жената, ја фатил за врат и успеал да украде златно синџирче со два приврзоци вредно околу 20.000 денари. 

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

најчитано сега