Едно бебе загина, а 13 лица се повредени при експлозија на гас

Едно бебе загина, а 13 луѓе се повредени денеска во експлозија на гас во стан во главниот град на Тајван, Тајпеј.

Експлозијата се случила во еден стан во 17-катна зграда, по што избил пожар, што набрзо бил изгаснат од пожарникарите.

Портпаролот на локалната противпожарна служба изјави дека едногодишното дете починало од здобиените изгореници.

Пред две недели при експлозија на гас во јужен Тајван загинаа 30 лица, а над 300 беа повредени.

15.08.2014 - 13:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега