Кривична за вевчанецот кој уби двајца сограѓани

Кривична пријава од Струшката полиција и мерка притвор од 30 дена доби 56-годишниот З.С од Вевчани осомничен за сторено кривично дело „убиство“.

Пријавениот, како што соопшти денеска СВР Охрид, кривичното дело го сторил на 13. овој месец, во 21 часот и 30 минути во летната бавча на кафетеријата „Пјаца“ во Вевчани.

- Откако се приближил од источната страна, З.С. извадил огненото оружје пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри што легално го поседувал и испукал седум куршуми кон една од масите каде седеле четири лица. Од здобиените повреди, во општата болница во Струга починале Владо П. (43) и Мате Ѓ. (23) двајцата од Вевчани, додека со телесни повреди се здобиле две лица жители на Вевчани, кои се надвор од животна опасност. Г.К. (33) кој има повреди во пределот на левата надлактица поради што е пренесен во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид и Илија П. (29) кој поради три прострелни влезно-излезни рани во пределот на абдоменот е опериран во болницата во Струга, се вели во соопштението.

Во неговиот дом, полициските службеници го пронајдоа огненото оружје-пиштол, кое З.С. легално го поседувал. Дополнително, при претресот пронајдени се 25 парчиња пиштолска муниција калибар 7,65 милиметри, 61 парче муниција калибар 7,64 милиметри и еден ловечки нож. Предметите се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

15.08.2014 - 12:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега