Им продавал дрога на малолетници - дилери паднаа во рацете на македонската полиција

Тројца дилери паднаа во рацете на полицијата. Во одвоени акции, се фатени  М.Н.(33), И.С.(34), М.Д.(35) сите од Скопје  кои на автопат Тетово-Скопје кај клучка Групчин во патничко возило „поло“ управувано од пријавениот И.С. пронајдени и одземени се две кутии амзол, осум кутии хепатон, три кутии апаурин и 19 кутии  дијазепам.

 А.М.(35), С.А.Т.(37), Ѓ.Х.(37) сите од Скопје си заработија кривична бидејќи на автопат Тетово-Скопје откако биле сопрени со патничко возило „голф 4“  пронајдена е марихуана и метадони.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против  М.Т.(26) од Штип за сторено кривично дело „овозможување и употреба на наркотични дроги“.  Пријавениот во текот на месец мај-јуни 2014 година неовластено набавил и држел неодредена количина на наркотична дрога-марихуана и во неколку наврати им продавал на лицата седумнаесет и осумнаесет годишни лица од Пробиштип кои ја купувале од него, а во неколку наврати и заедно ја консумирале.

15.08.2014 - 12:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега